Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Бегај еве ја жена ти 2 (Па не баш)“ на кумановскиот театар гостува во Велес

$
0
0
Вовед: 

Во вторник, на 9 мај, на сцената на Театар „Џинот“ Велес со почеток во 20 часот ќе гостува Театарот од Куманово со комедијата „Бегај еве ја жена ти 2 (Па не баш), работена по мотиви на Реј Куни, а во режија на Коле Ангеловски...

Содржина: 

„Па, не баш!“ е типична комедија на ситуации градена врз текстуалната предлошка Caught in the Net (Фатен во мрежa) на британскиот мајстор на комедијата Реј Куни. Таа претставува „легитимно“ продолжение на Бегај еве ја жена ти од 2004 година – најиграната комедија на кумановската сцена во последните две децении.

Режисерот Ангеловски во својата адаптација, почитувајќи ги основните обележја на францускиот водвиљ (Пикар, Лабиш, Фејдо...), посегнува по англискиот хумор од текстот на Куни, давајќи му домашен шмек, локална географија и дијалект, и ткае возбудлива и современа приказна за луѓе од нашето секојдневие кои случајноста ги става во мноштво невозможни и урнебесни ситуации, со низа неочекувани пресврти.

Сценографија и костимографијата се на Илина Ангеловска, а драмтург на претставата е Зоран Зафировски. Актерската екипа ја сочинуваат: Горан Илиќ, Владо Дојчиноски, Кети Дончевска Илиќ, Александра Михајловска, Илија Струмениковски и Давид Илиќ.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>