Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Објавени два броја од ревијата „Стрип Креатор“

$
0
0
Вовед: 

Во издание на Стрип центарот на Македонија со седиште во Велес, а со финансиска поддршка на Министерството за култура издадени се броевите 25 и 26 од ревијата „Стрип Креатор“... 

Содржина: 

Како што истакнува Ване Трајков претседател на Стрип центарот на Македонија-Велес, во своето издавање оваа ревија има непроценлив придонес во развојот и афирмацијата на македонскиот стрип.

– Ова списание е подложно на еволутивни промени кои ќе ја зголемат неговата прифатливост кај стрип публиката во Македонија и пошироко.Она што дава специфичност во овие два броја, освен новитетите во неговиот дизајн- заслуга на Александар Стеванов, секако е и содржината на истите. Покрај запазувањето на традицијата во оваа ревија се претставени наградените и подобрите македонски стрипови од последниот 14 ти Интернационален стрип салон „Велес 2016“. Посебно внимание предизвикуваат и текстуалните осврти на Александар Стеванов за женскиот стрип во Македонија ,како и поранешното македонско списание „Илустриран забавник, информира Трајков.

Тој потенцира дека како заложба за реафирмирање и реактивирање на македонски стрип автори, меѓу другите застапени се Јорданчо Давидовски професор од Куманово Ване Трајков како сценарист, Мирко Бојаџиевски, Марија Стојановска,…

Традиционално, ревијата „Стрип креатор“ може да се набави кај издавачот СЦМ –Велес како и стрип книжарницата „БУНКЕР“ во Скопје.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>