Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Гран при“ за германската монодрама „Одисеј“ на фестивалот во Битола

$
0
0
Вовед: 

Монодрамата „Одисеј“ во изведба на германскиот актер Вили Шлутер е добитник на наградата „Гран при“ – највисокото признание на Интернационалниот фестивал на монодрама во Битола... 

Содржина: 

Меѓународното стручно жири предводено од турскиот драматург и режисер Емре Ердем одлучи да го награди Шлутер, актер во театарот во Хановер, Германија кој го изведе текстот на Лим Норевиг – „Одисеј“.

Според востановената традиција, и на 19-то издание на на фестивалот на монодрамата беше доделена награда од публиката, а таа годинава и припадна на актерката Виолета Комар од театарот Рондо во Слупск-Полска.

Публиката во Битола ја награди Комар за монодрамата „Дива“ на Магдалена Гауер во режија на Станислав Мјеџиевски.

Интернационалниот фестивал на монодрама „Битола 2017“ го организираше НУ Центар за култура-Битола, а покровител и годинава беше Министерството за култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>