Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Од 29 мај до 3 јуни Драмски аматерски фестивал на Македонија

$
0
0
Вовед: 

Претстави за деца, вечерни престави и алтернативна програма ќе бидат на програмата на 53-то издание на Драмскиот аматерски фестивал на Македонија, кој од 29 мај до 3 јуни ќе се одржи во Кочани...

Содржина: 

Селекторот на годинешниот ДАФ Дарко Спасов од пријавените 34 претстави за учество на ДАФ, одбра 13 претстави во трите категории.

– Годинава на ДАФ ја задржуваме програмата за деца во која од пријавените 10 ќе бидат изведени четири претстави и тоа на драмските групи од велешкото село Иванковци, од Домот на културата од Кичево, од Центарот за култура во Прилеп, како и претстава на три училишта од Прилеп работена со деца македонци, муслимани и албанци. Во вечерниот термин и терминот на алтернативни претстави ќе настапат 9 ансамбли од кои два се од соседна Србија, од Јагодина и Стара Пазова, во рамките на меѓународниот дел на фестивалот, изјави Благој Пенов, извршен директор на ДАФ.

Од преставите селектирани се и оние на драмските групи и аматерски театари од Куманово, Крива Паланка, Струмица, Охрид, Битола и две престави на драмски групи од Скопје.

Од придружниот дел на фестивалот, според Пенов, ќе се одржи промоција на книга, ликовен перформанс, како и театраски портрет на Мите Грозданов во чест на неговата плодна и успешна работа, 60 години со аматерски драмски ансамбли и 50 години професионална театарска уметност.

Годинава жирито на ДАф ке го сочинуваат: Димче Николовски, режисер, Андреја Голуб, актерка и Венцо Димитровски, сценограф. Водител на разговорите по преставите ќе биде Јасмина Бибаловска.

Драмскиот аматерски фестивал на Македонија финансиски е подржан од Министерството за култура, општина Кочани и приватни компании.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>