Едукативното одделение при Националната галерија на Македонија, со покана до сите ученици од IV, V, VI oдделенија и нивните наставници.
Во тек е музејска наградна игра во објектот Даут пашин амам, прва од ваков вид во Македонија, вели едукаторот во Националната галерија на Македонија, Ацо Таневски.
„Дојдете заедно да истражуваме, откриваме, учиме, да се дружиме и забавуваме! На 18 мај следи извлекување на награди и голема забава!“, велат од НГМ.
Искористете ја можноста да учествувате во наградната игра, а преку забава и едукација да се запознаете со македонската ликовна уметност. Даут пашиниот амам работи од 9 до 18 часот, посетете го објектот доколку сте ученик и побарајте го летокот (флаерот) кој треба да го пополнбите за учество во оваа едукативна музејска наградна игра.
За дополнителни информации обратете се на телефонот 071 891249, едукатор Ацо Таневски.


