Поетската книга „Метафизички сино“ од Филип Клетников ќе биде промовирана вечерва, 11 мај, во Младинскиот културен центар, кино „Фросина“...
За ова поетско остварување филозофот и критичар Ферид Мухиќ нагласува дека станува збор за книжевен настан од прв ранг.
– „Метафизички сино“ е вистински поетски едикт за животот и смртта, кој во себе ги компримира и на поетски начин ги пренесува сознанијата од огромната материја на филозофските, религиските и на книжевните тематизации на клучниот бином животот/смртта посредуван со централната метафора влезот/излезот, пишува Мухиќ.
„Метафизички сино“ е трета поетска книга на Филип Клетников, кој, покрај поезија, пишува и објавува и раскази и есеи, а активен е и како проучувач и преведувач/препејувач на средновековната книжевност и мисла.

