Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Прва награда во Италија за филм снимен од децата од Домот „11 Октомври“

$
0
0
Вовед: 

Домот за деца без родители „11 Октомври“ е добитник на првата награда за најдобар филм во Бари, Италија, на регионалниот фестивал за филм и детски цртажи Bene- Male...

Содржина: 

Станува збор за филмот „Два света”, краткометражен, што децата го снимија со своите воспитувачки на дадената тема од организаторите „Здрава љубов- болна љубов”. Го прикажува животот на едно девојче во домот за деца без родители и животот на друго девојче во сопствен дом со своето семејство.

– Премногу сме горди и среќни за успехот на филмот на нашите дечиња. Фестивалот традиционално се одржува секоја година во Италија и е посветен на децата, нивниот развој, детството. Се претставивме со филмот „Два света”, кој ни донесе голем успех и признание, изјави директорката на „11 Октомври“ Ристенка Атанасова.

Покрај учеството во филмскиот дел на фестивалот, беа претставени и цртежи од децата, а претставниците од Домот учествуваа и во трибина на тема семејно насилство.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>