Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Oтворен павилјонот на Македонија на 57-то издание на Биеналето во Венеција

$
0
0
Вовед: 

Свечено отворен Павилјонот на Република Македонија во рамките на 57-то издание на Биеналето во Венеција... 

Содржина: 

Во престижниот изложбен простор Арсенале во Венеција вчера свечено беше отворен македонскиот павилјон во рамките на 57-то издание на најголемата и најпрестижна интернационална ревија на уметноста во светот - Венециското биенале.

На свечената промоција на годинашниот национален претставник, проектот „Red carnival“ (Црвен карневал) на реномираниот уметник Томе Аџиевски, меѓу многубројните гости, присуствуваа министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска и конзулот на Република Македонија во Венеција Ашим Зекировски.

Свеченото отворање беше проследено од страна на голем број на посетители, меѓу кои и претставници на земјите учеснички од регионот. Република Македонија се претставува на Венециското биенале по 12-ти пат и презентира иновативен и комплексен мултимедијален проект. „Црвениот карневал“ е провокативна мултимедијална инсталација, слоевит авторски проект, една многу оригинална и автентична поставка која на ироничен и симболичен начин го поставува прашањето за западната, таканаречена беневолентна глобална хегемонија и нејзината деконструкција. Авторот Томе Аџиевски нуди авангардно решение, без никаква стравопочит кон трендовските манири, не ретко застапени во современите уметности.

Проектот е концепциско-содржински и ликовно-технички високо изграден и комплексен во сопствената уметничка артикулација и произлегува од неговото неколкудецениско континуирано творештво. Куратор на проектот е Бранислав Саркањац, а комесар Дирекцијата за култура и уметност - Скопје. Венециското биенале е една од најстарите и најпрестижни европски манифестации и за јавноста ќе биде отворено од 13 мај до 26 ноември.

На Биеналето својата уметност ја претставуваат 57 земји од целиот свет преку националните павилјони, а излагаат стотици автори.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
Galerija: 
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>