Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Нова книга од Веле Смилевски

$
0
0
Вовед: 

„Песната палимпсест“ е најновата книга на поетот и литературен критичар Веле Смилевски... 

Содржина: 

Издавач е Здружението за уметност и култура на живеење „Дијалог“ од Скопје.

Во овој, како што е најавено, прв том од избраните дела на Смилевски, на 750 страници се презентирани арс-поетичките коментари на авторот за поезијата создавана во изминатите 45 години.

Покрај воведната студија со наслов „Песната палимпсест“ и примерите од поетската трилогија „Час по поезија“ (2010), стихозбирката „Забранета книга“ (2011) и поемата „Век за самување“ (2012), објавен е и тематски избор од поезијата создавана до 2000 година, под заеднички наслов „Век за приказ“.

Во посебен оддел книгата „Песната палимпсест“ донесува студии, критики и есеи за поетското творештво на Веле Смилевски од Георги Старделов, Матеја Матевски, Влада Урошевиќ, Луан Старова, Сретен Перовиќ, Сава Хеџман, Ала Шешкен, Миодраг Друговац, Олга Панкина, Саша Хаџитанчиќ и Наташа Аврамовска.

Објавени се и есеи за поезијата на Смилевски од претставници на неговата генерација: Данило Коцевски, Тодор Чаловски, Ефтим Клетников, Раде Силјан, Санде Стојчевски и Бранко Цветкоски.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>