Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Премиера на филмот „Осмиот патник: Ковенант“

$
0
0
Вовед: 

Премиерата во Македонија е закажана за 17 мај, додека публиката во кината ширум Македонија може да го погледне од 18 мај...

Содржина: 

Во вселената никој не може да го слуше твојот крик. После скоро 4 децении, овие зборови станаа синоним за чист, немилосрден интензитет на ремек делото на Ридли Скот, футуристичкот хорор „Осмиот патник“. За да ги истражи најмрачните агли, уште еднаш творецот на иконската франшиза се враќа со светот кој го креираше.

Неговото најново продолжение „Осмиот патник:Ковенант“, е пулсирачка нова авантура која ги поместува границите на R-rated терор.

Премиерата е закажана за 17 мај, а картите за премиерата можат да се набават на благајните во киното Синеплекс, Скопје.

Поставен десет години после случувањата од претходниот хит од 2012-Прометеј, во филмот „Осмиот патник:Ковенант“, Ридли Скот се враќа со корените од својата режија, револуционерна сага со единствена застрашувачка приказна, опојна авантура и нови чудовишни суштества.

Со ова шесто продолжение од блокбастерската франшиза, визионерскиот режисер дојде до самите рабови на откривањето на мистериозното потекло на мајката на сите Вонземјани, смртоносниот Ксеноморф од оригиналниот филм.

Мајкл Фасбендер се враќа во улогата на Дејвид, а му се придружуваат и старите колеги, Нооми Рапас и Гај Пирс. Новото засилување го сочинуваат Џејмс Франко, Кетрин Вотерсон, Били Крудап, Дени Мекбрајд и Демијан Бичир.

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles