Вовед:
Музејот „Теракота“ во Виница со неколку манифестации вчеравечер, 12 мај, се вклучи во одбележувањето на претстојниот Меѓународен ден на музеите, 18 мај...
Содржина:
Во галеријата „Теракота“ беше промовиран каталогот на постановката на музејот, додека во Изложбениот салон на Домот на културата „Тошо Арсов“ беше отворена изложба на тема „Македонскиот народен вез“ во соработка со Музејот на Македонија.
На изложбата чиј автор е Горданче Видиниќ, кустос-советник во Етнолошкиот оддел при Музејот на Македонија, се презентирани 47 народни везови поставени во 25 рамки.
Вечерта посветана на Музејската ноќ 2017, беше збогатена и со настап на дуото „Мелем“ од Виница.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
