Во Центарот за култура „Иљо Антески – Смок“ во Тетово денеска, 14 мај, ќе биде отворена детската програма „Креираме заедно“ во чие создавање учествуваа и ученици со и без попреченост од тетовските училишта „Андреја савески Ќиќиш“ и „Лирија“...
Промовирани ќе бидат финалните продукти од проектот „Креираме заедно“ – изложба на фотографи и видео записи што ги работеа ученици од инклузивни улилишта од Тетово, Скопје и Струмица.
Ќе биде прикажана и детска филмска програма со синхронизација на албански јазик и адаптиран титл за лица со оштетен слух.
По проекциите ќе следи дебата на тема „Креативноста – прозорец кон светот на различностите“ која ќе биде модерирана од фотографот и родител на дете со пречки во развојот Драги Неделчевски. Говорници ќе бидат и Јане Актипармаков, режисер, како и Блерта Ќамили, дефектолог.
„Креираме заедно“ е дел од проектот „Заштита на децата од насилство и унапредување на социјалната инкузија на децата со попреченост во Западен Балкан и Турција“, финасиран од ЕУ, а ко-финасиран и спроведен од УНИЦЕФ.

