Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Фестивал на куклени театри „Дебарска кукла“

$
0
0
Вовед: 

Во организација на здружението за уметност, култура и заштита на културното наследство „Арт-Култ 57“ за првпат во Дебар ќе биде одржан Фетивал на куклени театри „Дебарска кукла“...

Содржина: 

На трите фестивалски вечери ќе се претстават пет куклени театри од Македонија, Албанија, Турција и од Косово.

Свеченото отворање ќе биде на 16 мај, а честа да ја отвори оваа културна манифестација ќе му припадне на куклениот театар од албанскиот град Подградец, со претставата „Полицајката Кети“ во режија на Сотираќ Гуши.

– Во следните два дена пред дебарската публиката ќе се претстават Националната установа Тетар за деца и млади од Скопје со претставата „Лакомата Меца“ во режија на Дарин Петков, тетарот од Берат, Албанија, од Истанбул, Турција и од Приштина, Косово, соопшти на средба со новнарите, претседателот на здружението „Арт-Култ 57“, Арбен Јајага.

Сите претстави ќе бидат прикажани во концертната сала на Центарот за култура. Неговото одржување финансиски е поддржано од македонското Министерство за култура, а поддршка доби и од локалните власти на Дебар и Центар Жупа.

Дебар годинава по шеснаесети пат ќе биде домаќин на фестивалот „Албански театар во Македонија“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>