Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промовирана книгата „Уште еден круг” на Авдулах Рамчиловиќ

$
0
0
Вовед: 

Поезијата е вистинска ода за животот, благодарноста, радоста, среќата, љубовта и во неа се слави и создава животот...

Содржина: 

Во присуство на голем број на љубители на пишаниот збор во хотелот “Елит Плаза” во Скопје на 12 мај беше промовирана книгата „Уште еден круг” од авторот Авдулах Рамчиловиќ.

Промотор на книгата беше писателката Суада Хајдарпашиќ, додека модератор на настанот беше Доц. Д-р Зеќир Рамчиловиќ.

- Поезијата е суптилен однос на поетот кон себе, животот, светот, духовноста и природата. Тоа е еден сеопфатен творечки процес во кој учествува целото битие на авторот. Поезијата е вистинска ода за животот, благодарноста, радоста, среќата, љубовта и во неа се слави и создава животот, истакна авторот Авдулах Рамчиловиќ.

Авдулах Рамчиловиќ автор е на пет книги „Поговорки и изреки од целиот свет” (2008), „Патишта на животот” (2011), „Насмевни се на сонцето” (2013), „Најубава е твојата љубов” (2014) и „Уште еден круг” (2016).

Организатор на промоцијата беше Здружението за обединување на Бошњаците од Македонија „АВАЗ“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>