Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Концерт на виолинистката Ванеса Меј во Скопје

$
0
0
Вовед: 

Популарната британска виолинистка Ванеса Меј вечервa, 15 мај, ќе гостува во Вип Арена „Борис Трајковски“ во Скопје, што ќе биде единствен настап на познатата музичарка во регионот... 

Содржина: 

Концертот го организира Прагма продукција со поддршка на Министерство за култура и Македонската филхармонија.

Ванеса Меј Венкорн Николсон професионално позната како Ванеса Меј е британска мегапопуларна виолинистка. Атрактивната и популарна виолинистка некогаш била нарекувана „чудо од дете”, а сега е една од најпознатите виолинистки на сите времиња. Позната е по спојот на техно и класичниот стил во своите изведби.

Уште на 16 години ги поместува музичките граници кога го објавува албумот „Violin Player” формирајќи необичен микс на џез, поп и техно звук, но се издвојува и по нејзините сценски настапи и необичен изглед. Албумот веднаш по објавувањето се нашол на Топ-листите во над 20 земји од светот.

Првиот солистички концерт го имала на само 9 години, а на 10 веќе настапувала со симфониски концерт. До нејзините 13 години веќе објавила три албуми.

Ванеса Меј е запишана во Гинисовата книга на рекорди како најмлад инструменталист кој изведува виолиниски концерти на Бетовен и Чајковски. Таа е и прв изведувач на класичен инструмент кој бил номиниран за престижните BRIT awards за номинацијата „Најдобар женски изведувач”.

Во 2006 година е рангирана како една од најбогатите млади изведувачи со заработка од над 32 милиони фунти од концерти и продажба на 10 милиони албуми ширум светот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>