Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Торонто промoвирана „Македонски иселенички меридијани“ на Славе Катин

$
0
0
Вовед: 

Делото на Катин е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на 150 личности од македонско потекло...

Содржина: 

Во катедралната Македонската православна црква „Свети Климент Охридски” во Торонто вчера, 16 мај, била промовирана книгата „Македонски иселенички меридијани“ од Славе Катин во рамки на активностите на Канадско-македонското историско друштво и Литературното друштво „Браќа Миладиновци“ од Торонто, Канада.

Книгата е објавена од издавачките куќи „Македонска искра“ и „Матица македонска“ од Скопје, а рецензенти се поглаварот на МПЦ-ОА архиепископот Стефан и проф. д-р Вера Стијчевска-Антиќ.

Изданието пред голем број македонски иселеници од сите делови на Македонија го претставиле Драгица Димовска, уредник и водител на Македонското радиочас „Обединета Македонија“ и Тодор Марковски, претседател на Канадско-македонското историско друштво.

Присутните ги поздравил генералниот конзул на Република Македонија во Канада Јовица Палашевски.

– Делото на Катин е еден вид именик, или биографски колаж со карактеристични податоци поместени со низа бројки и факти од животот и делата на 150 личности од македонско потекло. Во книгата на 600 страници се објавени имиња на познати и признати личности, со различни образованија и занимања, општественици и духовници вградени во изградбата на македонските православни цркви од нивното конституирање од дамнина до денес. Овој импозантен број имиња е значаен за македонската национална, духовна, културна, стопанска и научна дејност, со што се прикажува вистината за македонското иселеништвото во минатото и сегашноста, истакнале промоторите на книгата.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles