Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложбата „Поврзување“ дел од програмата на Ноќта на музеите во Пловдив

$
0
0
Вовед: 

Во рамки на програмата за Ноќта на музеите во Пловдив, културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија вечерва, 18 мај, ќе ја претстави ликовната изложба „Поврзување”...

Содржина: 

Во репрезентативниот простор на „Балабановата куќа” со педесетина дела ќе бидат претставени ликовните уметници Маријана Иванова (плакат), Марјан Ѕин (масло на платно), Зоран Мише (графика), Перица Георгиев -Пепси (масло на платно), Иван Стоименов (скулптура), Горан Тричковски (графика), Слободан Милошески (скулптура), Павел Целкоски (графика) и Иво Пецов (масло на платно).

Културно-информативниот центар на Македонија во Софија, Општинскиот институт „Стар Пловдив” и Организацискиот одбор „Пловдив-Европска престолнина на културата 2019″, трета година соработуваат на заеднички проекти, во 2015 година исто така на Ноќта на музеите, а минатата година со проект-изложба по повод Денот на Франција-14 јули.

Изложбата ќе ја претстават и отворат директорот на КИЦ на РМ во Софија Васко Шутаров и Димитрина Петрова од име на Општинскиот институт „Стар Пловдив”.

Проектот е поддржан и од македонското Министерство за култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>