Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Театарот од Кавадарци со „Стјуардеси“ ќе гостува во Скопје

$
0
0
Вовед: 

хит комедијата „Стјуардеси“ по текст на Марк Камолети, а во режија на Диме Коцевски по осум целосно распродадени репризи на матичната сцена при Домот на културата „Иван Мазов – Климе“ и успешното гостување во Гостивар, во понеделник, 22 мај ќе биде поставена и во Домот на АРМ во Скопје...

Содржина: 

Иако урнебесната комедија на Камолети е еден од најпоставуваните текстови, сепак, уникатното режисерско гледање на Диме Коцевски и дава една сосема нова свежина, и прави да почуствувате дека гледате една сосема нова претстава која надополнета со неочекуваните сцени, специјалните гости и кавадаречкиот дијалект кој провејува низ дел од сцените, ќе ве насмее до солзи.

Покрај режисерската улога, Коцевски ќе понесе и голем дел од товарот на претставата, а покрај него на сцената ќе ги видиме и Видан Станоев, Валентина Ѓорѓиева, Зорица Стефковска, Ребека Малиминовска, Никола Деков и Костадин Прокопов, кој пак одбележува 20 години успешна театарска дејност.

Почетокот на претставата е закажан за во 20 часот, а билетите по цена од 200 денари ќе се продаваат на билетарата на Домот на АРМ во вторник, среда, четврток, петок, сабота и понеделник во периодот од 17 до 20 часот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>