Во сабота (20 мај) од 11 д 19 часот, ќе се одржи и втор бесплатен second hand шопинг во Оld School Cafe...
По првиот успешен second hand шопинг, ќе се одржи и вториот бесплатен second hand шопинг во Оld School Cafe.
- На наше огромно задоволство, овој пат се договоривме со тимот на С.О.С Детско село, па така се што ќе собереме ќе биде донирано за нивните штитеници. Во склоп на настанот ќе бидат поставени и кутии за парични донации. На наша огромна радост, отвараме уште едно поглавје во донирањето и помошта за децата кои по посебна програма, на 18 годишна возраст, се отселуваат од детското село во свои домови. Можете да донирате и мебел и бела техника. Се им е потребно, велат од Оld School Cafe.
Инструкциите се следните:
"1.За да донирате мебел и бела техника, треба да сликате, да пратите фотографии во порака на фејсбук страната на Old School Cafe.
2.С.О.С Детското село ќе се погрижи да ги земе работите дирекно од вашиот дом!"
Околу облеката, правилата се следни:
"1.Доаѓате во Оld School Cafe со кеси со облека која сакате да ја донирате.
2.Во малата соба претворена во пункт, ги оставате кесите и земате талонче со број на кесите што сте ги донеле.
3. Одите во просторијата каде се изложени работите и бирате.
4. Добивате онолку кеси колку што сте донеле.
5. Ја земате сосема бесплатно гардеробата која сте ја одбрале и притоа се трудите да донирате односно да земете само она што вистински ви се допаѓа."
- Најљубезно ве молиме, вашата гардероба да биде перена и уредна. Валкани и искинати работи не донираме. Со огромна гордост ве потсетувамe дека минатиот настан дониравме полно комбе со облека во едно од здруженијата за самохрани мајки. Можеме повторно, велат од Оld School Cafe.

