Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Турнејата на изложби на „Скопје постер фестивал“ продолужува во Португалија

$
0
0
Вовед: 

Три метро станици во метрото во град Порто, Португалија се местата каде се изложени плакатите од осмиот Скопје постер конкурс на тема "Криза на идентитет"како и плакати на португалските студенти од финалистите на седмиот конкурс "Сите за луѓето со хендекеп"...

Содржина: 

Како инаугурација на изложбата беше одржана дизајн конференција на грандиозната метро станица Сао Бенто во присуствно на претставници од градот Порто, јавното претпријатие за транспорт Метро Порто и на Универзитетот Лусофона од Порто, студенти, дизајнери, уметници.

Говорници на конференцијата беа Гере Постеров од Плакарт, Жорж Силва, професор и основач на студиото Силва Дизајнерс чија специјалност е илистрација, како и Мигел Наива, авторот на проектот за препознавање на бои преку симболи, кој е застапен во се повеќе градови низ светот и помага на милиони луѓе низ светот кои имаат потешкотии со препознавањето на бои.

Гере во својата презентација за работата на Плакарт во подигање на стандардите во дизајнот во Македонија и ширум светот истакна дека "Инспирацијата младите дизајнери треба да ја бараат во себе, да ја црпат од околината, од се што не опкружува и да бидат истрајни во патот до успехот оти иако е тежок, сепак на крај раѓа со плод".

Пред публиката во Порто, главно млади дизајнери, беше претставен историјатот на Скопје постер фестивалот, а воедно и новиот конкурс за плакат на тема "Artificial Reality".

Жорж Силва, еден од највлијателнитеп за графички дизајнери и професор по илутрација на Факултетот за уметност во Порто, низ своето претставување потенцираше дека во работењето треба да се биде посветен, да се сака својата професијата и да се биде упорен. Тој го претстави своето портфолио и работа за најголемите магазини и весници во Португалија како нивен уметнички и креативен директор.

Мигел во својот говор објасни дека неговата иницијатива ColorADD ги разбива стереотипите, ја ублажува дискриминацијата и им помаѓа на луѓето со попреченост во распознавање бои да имаат нормален живот.

Изложбата е отворена до 10 јуни на метро станиците Сао Бенто, Алиaдош, Маркеш.

Овој проект се реализираше како резултат на соработката на Плакарт - Здружението на графички дизајнери и Универзитетот Лусофона од Порто, а со поддршка на градот Порто и Метро Порто - компанијата за јавен транспорт.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>