Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Кристина Мерклер добитник на Гран при награда на поетскиот фестивал „Литературни искри“

$
0
0
Вовед: 

Гран При наградата на годинешното четврто по ред издание на поетскиот фестивал „Литературни искри“ во Гостивар ја доби Кристина Мерклер, родена гостиварка која моментално живее и работи во Скопје...

Содржина: 

Првото место и припадна на Фросина Тасевска од Штип, второто го освои Цветанка Колева од Кавадарци, а третото, Ирена Јурчева од Скопје.

За најдобар странски автор на овогодинешниот фестивал беше прогласена Марина Јовановиќ од Србија, поетеса, писател и филозоф, автор на неколку стихозбирки и роман.

Наградата „најуспешна млада искра“, ја доби осумнаесетгодишната Ива Пуовиќ од Скопје.

Огранизаторот, Центарот за култура АСНОМ на сите наградени им врачи плакети и книги.

– Ни претставува чест што сме домаќини на овие квалитетни поетски имиња и не радува што нашиот фестивал веќе станува препознатлив меѓу поетската јавност во земјава и надвор од неа, рече директорот на Центарот за култура, Луан Зенки во своето обраќање.

Во изборот на годинешните финалисти, влегоа над 70 поети од Македонија и од балканските земји.

На манифестацијата беше промовирана и заедничката збирка во која се застапени 20-тина поети, селектирани според бодувањето на жирито.

Фестивалот „Литературни искри“ во Гостивар се организира во чест на Денот на Сесловенските просветители, 24-ти Мај, а се одржа во центарот за култура АСНОМ.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>