Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Матка меѓу 10-те најдобри кањони во Европа

$
0
0
Вовед: 

Британскиот весник „Гардијан“ ја вброи Матка во 10-те најубави клисури и кањони за пешачење и планирање во Европа...

Содржина: 

- Посетителите на Скопје, кои можe да се изморат од пријатни нови споменици во градот може да се упатат кон езерото и кањонот Матка. Кањонот се наоѓа 15 километри југозападно од Скопје и нуди доволно активности за секој ентузијаст: пешачење, прошетки, кајакарство, спелеологија, историја, како и заебележување на птици и ретки видови пеперутки. Во клисурата се наоѓаат средновековни манастири со извонредни фрески, како и голем број пештери до кои може да се стигне со кајче. Од центарот на градот до Матка оди автобусот со бројот 60 и чини околу 40 денари, додека такси ќе ве чини пет фунти. Автобуската станица е на 15 миниутно пешачење од раскошното езеро Матка каде покрај водата има и ресторан. Ако не сте по пешачењето, можете со кајче да ја посетите пештерата Врело, која има неверојатни сталагмити и сѐ уште неутврдена подводна длабочина“, пишува весникот „Гардијан“.

Весникот пишува и дека одреден дел од турата низ кањонот може да биде релативно лесна прошетка по патеката, иако посочуваат дека кога ќе престане заштитниот дел, патеката може да биде проблематична за оние кои не се искусни. Оние што не се по пешачењето, „Гардијан“ ги советува да направат тура со чамец до пештерата Врело, која има неверојатни сталагмити и сѐ уште неутврдена подводна длабочина.

Покрај Матка, на листата на „Гардијан“ се наоѓаат и Викос во Грција, Сакликент во Турција, Гола су Горопу на Сардинија, Винтгар во Словенија, Кава Диспика во Сицилија, Горж ду Вердон во Франција, Партнах во Германија и Карес Горхе во Шпанија.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807


<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>