Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Хуманитарен концерт на Дино Имери на Мајски оперски вечери

$
0
0
Вовед: 

Наместо операта „Мадам Батерфлај“ МОБ ќе организира хуманитарен концерт на пијанистот Дино Имери, со цел да се соберат пари за натамошно лекување во странство на младиот пијанист-ученик Никола Алексовски...

Содржина: 

Македонската опера и балет соопшти дека се откажува операта „Мадам Батерфлај“ која во рамки на Мајските оперски вечери беше закажана за 28 мај во изведба на Националниот театар на опера и балет на Албанија.

Наместо оваа претстава, ден претходно (27 мај), МОБ ќе организира хуманитарен концерт на пијанистот Дино Имери, со цел да се соберат пари за натамошно лекување во странство на младиот пијанист-ученик Никола Алексовски.

– Сите хумани граѓани ќе може да донираат преку купување билет со симболична цена во МОБ, како и преку трансакциската сметка на неговата мајка: Елизабета Алексовска 300007085053957 Комерцијална банка АД Скопје, информира Македонската опера и балет.

Дино Имери (1990) е еден од најперспективните македонски пијанисти, кој своето образование го стекнал кај професорите Људмила и Борис Романови и кај Симон Трпчески, а гостувал на познати европски концертни подиуми.

На хуманитарниот концерт Имери ќе ги изведе Сонатата бр.23 оп.57 „Апасионата“ на Бетовен и три дела од Лист – „Ла Кампанела“, Мефисто Валцер бр.1 и Унгарска рапсодија бр.2.

МОБ напоменува дека билетите купени за „Мадам Батерфлај“ може да бидат заменети за хуманитарниот концерт или да се вратат на нејзината билетарница.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>