Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Филмски фестивал „Watch out“ во Тетово

$
0
0
Вовед: 

 За време на четирите фестивалски дена ќе се прикажат 42 филма од различни жанрови: експериментални, документарни, анимирани и кратки играни филмови...

Содржина: 

Шестото издание на меѓународниот филмски фестивал „Watch out“ од денеска до петок (23-26 мај) ќе се одржува во Тетово.

Меѓународниот филмски фестивал „Watch out“ е во организација на Центарот за балканска соработка „Лоја“ од Тетово во соработка со Гете институтот од Скопје, а поддржан од УСАИД преку проектот „Трансформерси“.

Свеченото отворање е закажано за 20 часот во Музејот на Комунистичката партија во Тетово – Куќата на Јовановци во тетовската населба Два Бреста. Ако временските прилики не дозволат, проекциите на филмовите ќе се одржат во просториите на Центарот за балканска соработка „Лоја“ во Тетово.

– „Watch out“ од година во година расте, а доказ за тоа е што годинава имавме добиено 292 филма од 92 држави од сите пет континенти. Она што е позначајно е тоа што во пристигантите филмови има многу познати продуцентски куќи и автори кои учествувале и на многу други филмски фестивали насекаде во светот, така што за нив Тетово станува точка од интерес, изјави Бујар Љума од „Лоја“. Скип Блимберг од проектот „Трансформерси“ истакна дека е тука за да ја набљудува работата и да даде совет околу видео продукцијата.

– Пред две години учествував на овој фестивал со мое дело. И сметам дека „Watch out“ остава белег во фимската индустрија насекаде во светот, рече Блимберг.

Од сите пристигнати филмови, најпрвин била извршена селекција, а потоа стручното жири во состав Луарн Ахмети и Оливер Мусовиќ од Македонија, Клара Оверинк од Германија и Матје Мијелешко од Полска, да изберат 42 филмови од кои веќе се прогласени победниците.

Во категоријата краток филм тоа е „Нини“ од Давид Морено од Шпанија, кај документарната секција победник е „Бемо Пинтар“ на Меиди Ада од Индонезија, а кај анимираните филмови за најдобар е прогласен „Детето“ од Мона А. Шахи од Иран.

Во документарните филмови тоа е „Зад спомените од загубената држава“ на Ема Зуковиќ, која има потекло од Македонија а тука учествива како претставничка на Ирска.

Организаторите најавија дека таа можеби ќе присуствува на фестивалот како и Давид Морено од Шпанија, додека претставниците од Индонезија и Иран поради долготрајната процедура за добивање влезна виза во Македонија ќе бидат поканети на следното издание на фестивалот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>