Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Интензивна изградба на Свети Климентовиот универзитет на Плаошник

$
0
0
Вовед: 

Комплексот на Климентов универзитет е замислен како мултимедијален, високообразовен наставно-научен центар во кој ќе бидат смесени Свети Климентовата книжевна академија и Македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува контиунуирано проучување на цивилизациите, културите и религите кои постоеле на овие простори во минатото...

Содржина: 

Интензивно се одвиваат градежните работи на Свети Климентовиот Универзитет во Плаошник, чија инвестициска вредност изнесува 28 милони евра.

Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски денеска на Денот на светите просветители Св. Кирил и Методиј заедно со министерката за култура Елизабета Канческа Милевска извршија увид на градежните работи.

Притоа од директорката на Завод и музеј Охрид, Тања Паскали беа информирани дека оваа година се планира целосно да бидат завршени археолошките истражувања, при што пронајден е богат корпус на артефакти, а паралелно се врши и нивна конзервација.

Паскали посочи дека во моментот течат градежните работи на фасадата на Резиденцијата на Македонската православна црква и на Богословскиот факултет, кој ќе се состои од три ламели.

- Треба да ги завршивме археолошките истражувања со што Плаошник ќе биде целосно археолошки истражен. Се надевам дека до крајот на годината фасадната карабина ќе биде комплетно завршена и ќе се отпочне со обработка на фасадите. Остануваат уште проектите за партерно и енетериерно уредување кои ќе бидат изработени согласно автентичните археолошки традиции, додаде таа.

Според Груевски ова е капитаелн проект и за туризмот, но и за духовниот туризам во Охрид. По целосно завршување на изградбата на сите објектите од овој проект археолошките артефакти ќе бидат изложени и презентирани на посетителите заедно со мозаиците.

Комплексот Климентов универзитет е замислен како мултимедијален, високообразовен наставно-научен центар во кој ќе бидат смесени Свети Климентовата книжевна академија и Македонскиот институт за хуманистички науки со мисија да обезбедува контиунуирано проучување на цивилизациите, културите и религите кои постоеле на овие простори во минатото.

Ќе бидат изградени 14 објекти за конаци, Богословски факултет, Светиклиментова библиотека, галерија на икони, музеј на Плаошник, Конзерваторска школа, академија и седум депанданси на светски универзитети.

Груевски денеска направи увид и на завршените реставраторски работи на дел од Самуиловата тврдина во Охрид.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>