Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Промоција на првата книга од едицијата „Мацедонише цуштенде“

$
0
0
Вовед: 

Во едицијата „Мацедонише цуштенде“ во различни публицистички форми на читателите ќе им претставува истакнати ликови од областа на уметноста, науката, стопанството и политиката во Македонија кои со својот став и делување учествувале во менувањето на нашето општеството или учествуваат во неговата актуелна промена...

Содржина: 

Првата независна издавачка куќа во Македонија – „Ѓурѓа“, која оваа година одбележува 30 години постоење, денеска напладне во Галеријата на Младинскиот културен центар ќе го промовира првиот наслов во новата едиција „Мацедонише цуштенде“ (Македонски состојби) – книгата „Мојата македонска приказна“ од академскиот сликар и публицист Ацо Станкоски.

– Во текстот, авторот, со својот препознатлив остар и директен полемички начин на изразување, го изнесува својот став за актуелниот општествено-политички миг во Македонија. Интересен е фактот што Станкоски, всушност, во книгата полемизира и споменува повеќе од 100 личности актуелни на политичката и културната сцена во земјата, информира „Ѓурѓа“ за книгата на Станкоски, која ќе ја промовираат новинарката Мирка Велиновска и амбасадорот Ристо Никовски.

Издавачот соопшти дека во едицијата „Мацедонише цуштенде“ во различни публицистички форми на читателите ќе им претставува истакнати ликови од областа на уметноста, науката, стопанството и политиката во Македонија кои со својот став и делување учествувале во менувањето на нашето општеството или учествуваат во неговата актуелна промена.

– Едицијата има амбиции да стане двигател на продуктивна полемика и соочување на различни ставови по принципот „на книга со книга“, посочува „Ѓурѓа“.

Својот прв наслов оваа издавачка куќа го објави во 1987 година (стихозбирката „Римјани“ од Паско Кузман) и оттогаш има објавено над илјада наслови од најразлични области.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>