Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба „Македонија и Македонците во Првата светска војна” во Воениот музеј во Виена

$
0
0
Вовед: 

Во Воениот музеј на Австрија во Виена, кој е еден од најстарите и најпознати музеи во оваа земја, вчеравечер, 24 мај, беше отворена изложбата „Македонија и Македонците во Првата светска војна” што ја подготвија Воениот музеј и Државниот архив на Македонија... 

Содржина: 

Изложбата ја отвори амбасадорот на Република Македонија Василка Попоска-Треневска која во своето обраќање истакна дека изложбата е претставена пред австриската јавност на денот кога ги славиме македонските и сесловенски просветители, светите Кирил и Методиј кои, како што рече, своето епохално просветителско дело го започнаа токму во Македонија.

– Презентираните дела на изложбата се неми но силни сведоштва за ужасите и злосторот што се случија на тлото на Македонија во текот на Големата војна, истакна амбасадорката Попоска-Треневска.

Во своето обраќање заменик-директорот на Воениот музеј во Виена Кристов Хачек нагласи дека во текот на војната 213.000 Македонци биле насилно мобилизирани од завојуваните страни Србија, Бугарија и Грција, да се борат за туѓа кауза и интереси.

Директорот на Воениот музеј на Македонија Александар Стојчев рече дека на изложбата се прикажани седум воени и етнографски карти, 47 фотографии и 10 документи претставени на 24 паноа, кои се сведоштва за ужасите и разурнувањата на Македонскиот фронт.

Изложбата „Македонија и Македонците во Првата светска војна“ во Воениот музеј на Австрија ќе остане отворена до 16 јуни. Претходно оваа изложба беше поставена и во Стокхолм.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>