Филмот „Доме сладок доме“, македонско-косовската копродукција, е добитник на наградата за најдобар филм од интернационалното младинско жири на третото издание на Фестивалот на кинематографиите на Југоисточна Европа SEE a Berlin 2017, што заврши вчеравечер, 28 мај, во Берлин...
Интернационалното жири за најдобар филм го прогласи „Убијци на тркала“ од Унгарија, наградата за најдобра женска улога ја додели на Наташа Дорчиќ од Храватска за улогата во филмот „Ти ме носиш“, за најдобра машка улога на Донат Ќосја од Косово за улогата во „Доме сладок доме“, а за најдобра режија на Бујар Алимани од Албанија за филмот „Хром“.
Наградите на интернационалното младинско жири за најдобар актер и актерка ги добија Горан Хајдуковиќ и Лана Бариќ од хрватскиот филм „Ти ме носиш“, а за најдобра режија Бујар Алимани за филмот „Хром“.
Фестивалот продолжува во Париз на 31 мај кога ќе започне седмото издание на SEE a Paris 2017.

