Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Портрет на Јован Павловски во ДПМ

$
0
0
Вовед: 

Со портрет на истакнатиот македонски писател Јован Павловски, Друштвото на писателите на Македонија во четврток (1 јуни) во 12 часот, ќе ја одбележи 80-годишнината од неговото раѓање и 60 годишната творечка дејност...

Содржина: 

Средбата ќе ја отвори претседателот на ДПМ Веле Смилевски, а за творештвото на Павловски ќе зборуваат Лорета Георгиевска Јаковлева и Владимир Мартиновски. Стихови ќе чита Александра Велинова.

Како поет, раскажувач, романсиер, драмски автор, писател за деца и публицист Јован Павловски создаде богат и разновиден опус кој има свое значајно место во тековите на современата македонска литература.

Дебитираше со стихозбирката „Август“ во 1962 година, а потоа објави низа поетски книги, меѓу кои: „Медеја“, „Идентитет“, „Ментален простор“, „Одработен страв“ и „Строгоста на живеењето“. Автор е на романите „Тоа Радиовце во кое паѓам длабоко“, „Сок од простата“, „Проверка на слободата“,„Град, години луѓе“ и други.

За своето дело Јован Павловски е добитник на врвни награди, меѓу кои: Рацоново признание, „Стале Попов“, Книжевно жезло за творечки опус, „13 Ноември“ на град Скопје, „Крсте Мисирков“, „Духовен воин“ и „Златно перо“.

Неговото творештво е преведувано на 20 јазици во светот.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>