Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Нова книга на Зоран Пејковски

$
0
0
Вовед: 

„Реквием за љубовта“ е драма во стихови – нова книга на писателот Зоран Пејковски, во издание на „Дијалог“ од Скопје... 

Содржина: 

Според рецензентот Јордан Плевнеш, „Реквием за љубовта“ е потресна трансверзала меѓу две точки на планетата Земја – Израел и Македонија, а рецензентот Димитар Пандев пишува дека Пејковски во драмскиот текст „постигнал натуралистичка проекција на стварноста преку певот на поетизираниот исказ, преку преточување на драмското дејство на идеално поетско-драмско меѓурамниште“.

Битолчанецот Зоран Пејковски е единствениот натуралист во македонската литература. Тој е драмски писател, поет, прозаист, преведувач и публицист. Автор е на повеќе драмски, прозни и поетски остварувања.

Пејковски е преведуван на повеќе странски јазици, а негови претстави се играле и надвор од Република Македонија. Членува во Друштвото на писатели на Македонија, Македонското научно друштво од Битола и е претседател на Друштвото на писатели „Битолски книжевен круг“.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>