Со одлука на меѓународното жири на ликовни педагози, годинава за најдобар учесник на ликовниот фестивал во Битола е прогласен Поламат Самидар од Тајланд, а посебни награди добија и учесниците од Хонг Конг за ликовна колекција...
Со свечено доделување на наградите и прогласување на најдобрите учесници, во Битола заврши 36-та Меѓународна детска ликовна колонија „Мал битолски Монмартр“.
Со одлука на меѓународното жири на ликовни педагози, годинава за најдобар учесник на ликовниот фестивал во Битола е прогласен Поламат Самидар од Тајланд, а посебни награди добија и учесниците од Хонг Конг за ликовна колекција.
– Заврши другарувањето на децата од целиот свет. Дојдоа со желба да се запознаат меѓу себе но и со битолските занаетчии и други граѓани. Овој настан е уште една промоција на Битола во светот, но и на Охрид и Вевчани каде децата престојуваа и сликаа со своите четки и бои, рече меѓудругото Коста Хаџи Антоновски, раководител на детското ликовно студио „Св.Кирил и Методиј“-Битола.
Според востановената традиција, Здружението на занаетчиите од Битола додели два златни крста за учениците Всевопод Романков од Москва и Там Це Чинг од Хонг Конг.

