Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Изложба на уметнички дела од ученици во Крива Паланка

$
0
0
Вовед: 

Во уметничката галерија на Локална установа Градски музеј, Крива Паланка вчеравечер, 1 јуни, беше отворена изложбата на уметнички дела од ученици од основните училишта „Илинден“ и „Јоаким Крчовски“ и средното општинско училиште „Ѓорче Петров“...

Содржина: 

Изложбата е во организација на „GLOW-клубот“ од градот, еден од мрежата на GLOW-клубови во Македонија.

– Клубот го формиравме пред три години со тогашната волонтерка од Мировниот Корпус – Кристина Дикорс. Целта е да се развие својствениот потенцијал пронајден во младите девојки преку обезбедување на вештини и знаења кои се неопходни за да станат активни лидери во нивните општини. Овде претставивме дел од нашите вештини, преку уметноста. Творевме на тема љубов, желби, визја за светот, истакна Андриана Алексовска од GLOW-клубот Крива Паланка.

Упати благодарност до поддржувачите за соработката за изложбата.

– Во реализацијата особено ни помогнаа професорот по ликовна уметност и академски сликар Робрет Цветковски, наставникот по ликовна уметност Лазо Ѓоргиевски, директорот на музејот Драган Величковски, а цело време несебично ни помагаше и не мотивираше волонтерот на Мировен Корпус, Кајл Батчер, додаде Алексовска.

На изложбата се претставени триесетина дела работени во разни ликовни техники.

Изложбата ќе биде отворена во следните две седмици.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles