Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Македонски ликовни изложби го отворија фестивалот „Солеј” во Созопол

$
0
0
Вовед: 

Со две македонски ликовни изложби вчеравечер, 3 јуни, беше отворен 7-от Фестивал на франкофонијата „Солеј” во Созопол, Република Бугарија...

Содржина: 

Културно-информативниот Центар на Република Македонија кој трета година по ред е партнер и редовен гостин на овој Фестивал, годинава понуди три културни содржини.

Најпрво беше отворена изложбата „Поврзување”, на која со преку педесетина дела, работени во различни ликовни техники, се претставија уметниците Иво Пецов, Марјан Ѕин, Маријана Иванова, Ице Огненовски-Мерко, Зоран Мише, Слободан Милошески, Горан Тричковски, Иван Стоименов, Павел Целкоски и Перица Георгиев-Пепси.

Во вториот дел од програмата беше отворена и ликовната изложба „Охридски филиграни” од авторката Мирјана Николоска. Преку триесетина дела работени на традиционален начин, со срма, монистра и охридски бисер, предизвикаа голем интерес, исто како и „Поврзување”.

Изложбите ги отворија директорката на Фестивалот Александрина Исаилова, претседателката на Советот на Општина Созопол Красимира Германова и директорот на нашиот Центар во Софија, Васко Шутаров.

На настаните присуствуваа амбасадори на земјите учеснички на фестивалот и бројни ликовни и културни работници од Созопол.

Седмиот Фестивал на Франкофонијата во Созопол ќе трае до 8 јуни, со културна програма од Франција, Белгија, Швајцарија, Романија, Грузија, Либан, Мароко, Македонија и Бугарија.

Утре, 5 јуни, Македонија ќе биде претставена и со пијано рецитал на Мимоза Ќека, која на програмата ќе изведе дела од француските композитори Морис Равел и Клод Дебиси.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>