Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Во Куманово концерт на гитаристот Борче Наумоски

$
0
0
Вовед: 

Гитаристот Борче Наумоски вечерва, 6 јуни, со почеток во 20 часот ќе одржи концерт во кумановскиот Центар за култура „Трајко Прокопиев“... 

Содржина: 

На програмата се дела на Фернандо Сор и Мауро Џулијани. Дел од програмата на концертот ќе биде изведена во придружба на гудачки квартет во состав Сандра Крстевска, Јелена Туфекчиевска,Тања Трифунова и Љупка Манчевска.

– Кумановци ќе имаат убава можност да го проследат концертот на гитаристот Наумоски. Ги покануваме љубителите на убавата музика да присуствуваат на концерот, изјави Роберт Цветковски од кумановскиот Центар за култура.

Наумоски дипломирал на Факултетот за музичка уметност во Скопје, а потоа се запишал на втор циклус студии на ФМУ во Белград, во Србија. Магистерскиот труд интерпретација на гитара го одбранил 2010 година стекнувајќи се со степен магистер по гитара.

Наумоски има бројни солистички концерти во Македонија во повеќе градови, презентирајќи репертоар од ренесанса до музика на дваесеттиот век. Учествувал на бројни фестивали како изведувач и како член на жири. Предава на Факултетот за музичка уметност, каде е избран за доцент, а воедно предава како професор во „Илија Николовски-Луј“ во Скопје.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807