Македонската книжевност е една од најинтересните книжевности во Европа, вие имате автори кои не се веќе само ваши, туку и светски - вели Андреј Блатник еден од најпреведуваните современи словенечки писатели и професор на студиите по книжевност во Љубљана.
Новата балканска книжевност е интересна бидејќи доживеа трансформација и ја надмина опседнатоста со државнотворниот елемент. ..Во странство ми велат дека имам некакво централно-европско обележје, а во Словенија ми велат – конечно автор кој не е словенечки - вели Blatnik во интервјуто за cooltura.mk.
Каква лична карта би му составиле на Фестивалот во Виленица?
- Во овие 31 година Виленица имаше голем пат. Започна како целосно андерграунд книжевен фестивал. Донесе писатели од Средна и Источна Европа кои беа дисиденти, кои често ине можеа да патуваат. Потоа во средина на 90-тие го смени својот концепт, но се смени и книжевноста на нашите простори, но фестивалот ја следеше својата традиција да и’ го пронајде место на онаа книжевноста која е повеќе од само естетско уживање. На Виленица поминаа многу писатели кои за прв пат отишле на некој фестивал, за прв пат се објавени на англиски токму за Виленица. Тука доаѓаат писатели, критичари, издавачи, некогаш некои од нив тука ја започнуват својата меѓународна кариера, некогаш наоѓаат издавач, па се објавувани дури и во Америка. Фестивалот не ја дава наградата на словенечките писатели, но им помага и ним, бидејќи најави голем број автори, а последните години тие се објавуваат кај угледен издавач од Америка, што пак е голема помош за излез на меѓународната сцена.
Каква е современата словенечка и балканска проза воопшто?
- Во последните години или деценија, стана посебно инетересна бидејќи имаше трансфромација. Веќе не е оптеретена со државнотворниот и општествен момент. Тоа им се случуваше на книжевностите во земјите кои немале сопствена држава претходно, како Македонија и Словенија, па книжевноста беше опседната со тој момент. Сега е интересна затоа што е растерететна од тоа, па има можноста да се сврти кон важни прашања за човештвото. Најдобра книжевност е онаа која се занимава со етиката без да ја занемари естетиката. Се појавија доста добри писатели, кои добија многу награди, објавувани се во реномирани светски куќи, а преведени се не само на соседните јазици, туку и поширко.
Вашето искуство и како писател и како прфесор го преточивте во Прирачник за пишување кратки раскази. Може ли тоа да се научи?
- Не може да се научи, но може да се стане подобар писател. Тоа го споредувам со пливањето, кога одите на курс, не е сосема сигурно дека ќе станете Олипмиски шамион, но секако дека ќе бидете подобар пливач. Целата оваа теорија за креативно пишување се роди во Америка и јас мислев дека ќе биде интересна само во Словенија, не бев сигурен дали ќе биде интересна кај нас, но еве книгата беше преведена и објавена и во Хрватска, сега во Македонија, а наскоро и во Чешка. Тоа значи и дека и во словенските земји има интерес за науката и знаењето за креативното пишување и тоа не само за раскази, туку и за сите жанри, па и за секаков вид пишување – новинарски, комерцијални, научни текстови, па и тв-сценарија. Јас се сконцентрирав на кратките раскази, но вакви прирачници се потребни за сите жанрови.
Вашите книги се подеднакво провокативни и за книжевните научници, теоретичари но и за искрените вљубеници во читањето кои се без „професионална деформација“. На што се должи тој успех?
-Тоа ми е концепт и желба – книжевноста да не се затвори само во книжевните кругови, туку да допре до сите. Да пишуваме во име на сите и да не пречи дека нешто е кажано на посложен начин. Што се однесува до меѓународниот успех, мислам дека се должи на локалното обележје и универзалниот јазик. Во странство ми велат дека имам некакво централно-европско обележје, а во Словенија ми велат – конечно автор кој не е словенечки.
Какви искуства имате од многуте резиденции и книжевни престоите во странство?
- Практично кога ќе отидеш во друга земја е дека можеш да се тргнеш од секојдневието, поконцентриран си, немаш пречки од секојдневниот живот. Можеш да читаш, да пишуваш и да истражуваш. Од друга страна патувањето секогаш инспирација, а среќавам и писатели кои се мој global brotherhood, а тие ми се поттик и сила, не на национален, туку повеќе на некој универзален јазик.
Дали интернетот и социјалните мрежи се закана за книгата?
- Ако можеше интернетот да ја убие, книгата веќе ќе беше мртва. Сите истражувања акажуваат дека е- кнга не се губи, туку дека паралелно опстојуваат. Воопшто не треба д ане фаќа паника. Не е важно од што читаме – папирус, хартија, електронски уред, поважно е што чиатаме – суштината е дека последните 1000 години човекот имаше храброст преку книгата да истражува многу важни работи. И тоа енајважно. Што мислите за македонската книжевност? - Според мене македонската книжевност е меѓу најдобрите во Европа. Мене лично ми се најблиски шпанската, поласката и македонската книжевност. Имате автори кои повеќе не се само ваши – Горан Стефаносвки, Лидија Димковска, Гоце Смилевски се светски автори. Ги има уште многу и јас мислам дека времето на македонската книевност допрва доаѓа.
------------------------
Андреј Блатник студирал Компаративна книжевност и Социологија на културата, магистрирал Американска книжевност, а докторирал Комуникациски студии. Уметничката кариера ја започнал свирејќи бас гитара во еден панк бенд, пет години бил слободен писател, потоа уредник во издавачката куќа Цанкарјева, член на уредувачкиот одбор на месечникот Литература од 1984 година.Од 2007-2015 беше член е на престижниот Меѓународен книжевен фестивал во Виленица. Тој е автор на 12 книги, преведени вкупно на 29 светски јазици. Од нив на македонски се преведени „Законот на желбата (Магор, 2005), Измени ме (Матица македонска, 2015) и прирачникот „Пишување кратки раскази“ (Икона, 2015)“. Блатник е автор на пет радио драми, збирка критички есеи (Поглед преку рамо), како и збирка есеи за книжевноста во дигиталното доба (Неонски печат), а преведува од англиски (Силвија Плат, Пол Боулс, и др.). Добитник е на неколку главни словенечки книжевни награди, меѓу кои и Златна птица, награда на Љубљана, и Прешернов склад.
Александра Јуруковска

