„Стрип Алманах“ е замислен како ревија кадешто, според дела на македонски сценаристи ќе цртаат македонски цртачи вклучено поедини гости од соседните земји...
Во издание на Македонскиот стрип центар –Велес а со финансиска поддршка на Министерството за култура на Р.Македонија се издаде третиот број на „Стрип Алманах“ (специјално издание на ревијата „СТРИП КРЕАТОР-единствено постојано стрип списание кај нас).
„Стрип Алманах“ е замислен како ревија кадешто, според дела на македонски сценаристи ќе цртаат македонски цртачи вклучено поедини гости од соседните земји. Така што во „Стрип Алманах“ број 3 авторските сценарија на Александар Стеванов од Штип (млад и веке афирмиран сценарист, летерер, хроничар и дизајнер од Штип) беа пренесени од страна на македонските цртачи: Дарко Богданов, Весна Ничевска, Мирко Бојаџиевски, Катерина Тери Николова како и Наташа Коњевиќ –гостинка од Босна и Херцеговина.
Според Стрип центар на Македонија, издавањето на оваа ревија е конкретен обид за стимулирање и афирмирање на македонската стрип сцена. Околу оценката за нејзината развиеност треба да се имаат реални показатели како на пример:број на учества на стрип фестивали во регионот и пошироко, број на стрип субјекти, број на автори спремни за поголеми изданија (албуми) број на изданија, број на читателска и купувачка публика, број на стрип настани во Македонија.

