Вовед:
Филмот на Јакимска е во официјална селекција и ќе се натпреварува за престижната награда Голден Гоблет...
Содржина:
Краткиот игран филм „Ќе дојдат децата“ во режија на Ана Јакимска ќе биде прикажан на 20-тото издание на Шангај Филм Фестивал што од денеска, 17 до 26 јуни ќе се одржува во Кина.
Филмот на Јакимска е во официјална селекција и ќе се натпреварува за престижната награда Голден Гоблет.
„Ќе дојдат децата“ е базиран на македонскиот фолклор и раскажува приказна за Велика, млада учителка која е испратена во едно планинско село да предава. Улогите ги толкуваат Наташа Петровиќ, Шенка Колозова и Владимир Петков – Шкаља.
Филмот е во продукција на КРУГ Филм, а финансиран од Агенцијата за филм на Република Македонија.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
