Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Почнува фестивалот на комедијата „Гола месечина“

$
0
0
Вовед: 

Од денеска, 19 јуни, на отворената сцена во спортскиот центар „Ново Лисиче“ со претставата „Лажговци во неволја“ почнува Меѓународниот фестивал на комедијата „Гола месечина“... 

Содржина: 

Претставата „Лажговци во неволја“ од Ентони Нилсон е во режија на Здравко Митков и во продукција на Сатиричниот театар „Алеко Константинов“ од Софија, Република Бугарија.

За време на фестивалот ќе бидат изведени седум претстави од Македонија и странство.

Фестивалот има натпреварувачки карактер и ќе бидат доделени четири парични награди за најдобра режија, најдобра машка и женска улога и гран при за најдобра претстава. За наградите ќе одлучува тричлена жири комисија.

Сите претстави почнуваат во 21 часот, а влезот е бесплатен.

Годинава, фестивалот се одржува по четврти пат со што прерасна во традиционална манифестација.

Фестивалот го организира Театар Комедија со финансиска поддршка од Општина Аеродром и Министерството за култура.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>