Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Комплексот „Македонско село“ отворен за посетителите

$
0
0
Вовед: 

„Македонско село“ е комплекс изграден во традиционален дух на македонската архитектура од 19-ти и 20-ти век. На површина од 12.000 м2 комплексот е составен од шеснаесет автентични куќи со сместувачки капацитет од 100 гости...

Содржина: 

Селските куќи се изградени по ликот на куќите од различни географски подрачја на Македонија и тоа: куќа од Битола, Велес, Прилеп, Галичник, Рекански крај , Кратовска, Беровска, куќа од Делчево, Куманово, Тетово и од Скопска црна гора. Посетителите ќе можат да уживаат во богатите вкусови на македонска храна и амбиент во трите ресторани кои нудат различна гастрономска понуда.

Етно амбиентот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните занаети карактеристични за македонското поднебје, а за најмладите амбиентот ќе биде збогатен со домашни животни.

Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска истакна дека се работи за исклучително значаен проект во функција на промоција и афирмација на богатата македонска културна ризница бидејќи, покрај одмор на падините на Водно, „Македонско село“ е и музејска поставка на предмети, носии, сувенири, презентација на стари занаети и обичаи.

- Етно-селото е своевиден повик за разоткривање на богатата традиција на нашата земја, водич за сите што доаѓаат во Македонија. Уверена сум дека етно-селото ќе има големи придобивки во контекст на туристичката промоција на нашата земја, на културниот туризам кој во последните години бележи навистина одлични резултати и посетеност на голем број туристи од целиот свет, а верувам дека работата на овој комплекс ќе има и голема економска оправданост и бенефит, рече Канческа-Милевска.

Цветанка Христовска, бренд-менаџер на „Тинекс“, посочи дека нивна визија е „Македонско село“ да понуди врвна услуга, пријатен престој и незаборавно искуство со уникатни содржини низ кои се промовира македонската култура.

- Чест и задоволство, а истовремено и голем предизвик е што ја имаме можноста да стопанисуваме со овој уникатен комплекс каде секојдневно ќе се раскажува македонската приказна, истакна Христовска.

Лела Крстевска, директор на Агенцијата за промоција на туризмот, рече дека ќе се погрижат да ја поддржат работата на „Македонско село“ со тоа што ќе го нудат во своите промотивни брошури и ќе го претставуваат на туристичките саеми.

- Минатата година безмалку половина милион странски туристи ја посетиле Македонија и, за жал, немаа можност да го видат ова што денеска ние го гледаме. Овој прекрасен комплекс ќе значи збогатување на понудата на македонскиот туристички производ, со кој ќе се гордееме на сите саеми и манифестации каде што Македонија се претставува како туристичка дестинација, рече Крстевска.

Етно амбиентот е надополнет со занаетчиски работилници каде гостите ќе можат да се запознаат со традиционалните занаети карактеристични за македонското поднебје, а за најмладите амбиентот ќе биде збогатен со домашни животни.

Во комплексот е изграден Етнолошки музеј во кој ќе бидат изложени предмети од македонската култура, народни носии, како и археолошки содржини.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>