Денес, петок (7 јули 2017) на програмата на Бит Фест ќе може да проследите...
18:30 – Арт и култура – Аврата – Работилница за изработување на стоп анимација – фотографија, филм, ликовна уметност„Фото кино клуб“-Битола
17:00 - Мала сала Завод и музеј – Седма меѓународна манифестација „Битолски книжевни паметења“ – литература и ликовна уметност
На отворањето на седмата меѓународна манифестација ректорот на Универзитетот за аудиовизуелни уметности, Европска филмска и театарска акамедија „ЕСРА“, Јордан Плевнеш, ќе го претстави годинешниот добитник на наградата „ГРАН ПРИ ЗА ПОЕЗИЈА 2017“ за странски автор, големото француско поетско име Иг Лабрус. Во програмата на првиот ден од манифестацијата предвидена е изведба на сценско-драмскиот рецитал „За Македонската Библија“ од Зоран Пејковски, во изведба на актерите од Прилепскиот народен театар, а ќе биде отворена и изложба на 12 француски сликари по повод 100-годишнината од Првата светска војна. Како дел од програмата на манифестацијата „Битолски книжевни паметења“, предвидено е и доделување на наградите: „Книжевен круг“ за книжевна критика, поезија и проза, за автори од Македонија, „Мозаик“ (за достигнување на странски автор) и „Лингва“ (за превод и афирмација на македонската литература)
20:00 – Театарска претстава „Дон Жуан“ – НУ Народен театар
20:00 – Концертна сала, НУ Завод и Музеј – Трио сопран, кларинет и пијано – романтична музика за сопран, кларинет и пијано
Солисти: Игор Бакревски, Марија Наумовска и Андреја Наунов Програмата на триото вклучува изведба на: G.F.HANDEL – “Nell dolce dell’oblio”, A.SCARLATTI – “Cantata”, P. GEVAUX – “Dieu, du Bonheur”, G.PAISELLO – “Lode al ciel”, A. FRIES – “Imalten Parke” nr.1 “Ahnung”, F. SCHUBERT – “Der Hirt auf demFelsen”.

