Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Гран-при за „Бели мугри“ од Кочани на фестивалот „Пеце Атанасовски“

$
0
0
Вовед: 

На Рудина заврши 43-тото издание на  Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“...

Содржина: 

 

Гран-при наградата му е доделена на Фолклорниот ансамбл „Бели мугри“ од Кочани, а добитник на гајдата на Пеце Атанасовски,  што ја доделува општината Долнени, е гајдаџијата Стојче Трајанов од село Чешиново. 

Одлуката ја донесе жири во состав: Захаринка Милосављевиќ, Родна Величковска и Илчо Јованов. 

Статуетки добија градоначалникот на Долнени Боше Милошески - за посебен придонес за развој на Фестивалот и за изградбата на амфитеатарот на Рудина, потоа Советот на општина Долнени, како и КУД „Панче Пешев“ од Куманово, Салих Шабани од КУД „Беса“ од Гостивар, Абдула Тахиров од КУД „Бахар“ од село Чалакли, Валандово, и Бранко Жежоски од ансамблот „Гоце Делчев“ од  Битола.

На годинашниот Фестивал учествуваа околу 350 изведувачи. Се одржа и Семинарот за изучување народни инструменти и песни, а Рудина кај Долнени, каде се одржаа двата натпреварувачки дена, годинава доби амфитератар.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>