Вовед:
Годинашната традиционална културно-уметничка манифестација "Илинденски срцекази"ќе се одржи на 29 јули со почеток во 10 часот во училишниот двор на селото Растојца, демирхисарско.
Содржина:
Ова е една од ретките и специфични манифестации која секоја година се одржува во летниот период во рамките на Растоичко културно лето, кое е дел од програмските содржини на Демирхисарското културно лето.
На Манифестацијата настапуваат писатели, сликари, музичари, актери и други уметници и творци, а годинава акцент ќе биде ставен на културно-историскиот развој во овој крај.
Исто така, традиционално се доделуваат награди и признанија, а годинашни добитници се: проф. д-р Менде Солунчевски, Славко Крстевски, групата "Бисер", проф. д-р Мишо Нетков и Јеремија Лазаревиќ.
Воведна слика:

Категорија:
Иде на слајдер ?:
Не
додади слика:
