Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Г“ - премиера на Албанскиот театар - Скопје

$
0
0
Вовед: 

Албански театар-Скопје вечерва на сцената на Театар Комедија од 20 часот, премиерно ќе ја изведе претставата „Г“ според сатиричните дела на Ѓерѓ Фишта, во драматизација и режија на Сулејман Рушити. 

Содржина: 

Претставата е сублимат на вкупното сатирично творештво, анегдоти, како и поеми од Ѓерѓ Фишта кој бил највлијателна личност во албанската книжевност во првата половина на 20 век. 

- Се работи за култното сатирично дело на Ѓерѓ Фишта, со идеја на сцената да се постават феномените кои на некој начин го инспирирале авторот да ги камшикува негативните појави. Во текстот се спомнува албанското општество, но темата е универзална зашто аномалиите се видливи и во други општества. Драматизацијата и поставувањето на сцена има модерен театарски јазик, иако сатиричните текстови се напишани пред сто години. Се надевам дека заедно со актерите во екипата успеавме да ја пренесеме пораката со тенденција еден ден преку катарзата да успееме да ги подобриме нашите општества, рече на прес-конференција режисерот Рушити.

Авторот Ѓерѓ Фишта (1871-1940) бил еден од најголемите преродбеници во Албанија, припадник на францисканскиот ред и политички ангажиран интелектуалец. Придонел за развојот на албанскиот јазик и претседавал со комисијата на Битолскиот конгрес на кој била стандардизирана албанската азбука. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>