Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Видео проект на Зоран Попоски во Манчестер

$
0
0
Вовед: 

Видео проект од македонскиот дигитален уметник Зоран Попоскиќе бидe прикажан во Центарот за современа кинеска уметност во Манчестер, Британија, на 24.7.2017 година со почеток во 18:00 часот. 

Содржина: 

Видеото на Попоски е дел од меѓународниот видео проект „Превод(и) 3: Тела во транзит“, кураторски проект на Зоран Попоски и Лоренс Вуд (Велика Британија), во кое учествуваат десетина уметници од САД, Британија, Австралија, Италија и Хонг Конг. Проектот својата премиера ја имаше на почетокот на јули годинава на фестивалот Артстејс во Словенија, еден од најголемите настани од областа на современата уметност во Централна Европа. 

Попоски се претставува со видео делото “Ние емигрантите” (2017), серија на глич/гиф портрети на клучни имиња од европската културна и интелектуална историја кои и самите биле емигранти.

Зоран Попоски магистрирал уметност во нови медиуми, а докторирал студии на културата. Има реализирано повеќе од 70 меѓународни изложби, а македонската публика ова лето има можност да ја проследи неговата самостојна изложба „Теорија“ во Националната галерија на Македонија во Скопје која е отворена до 28 јули 2017.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>