Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Јавен повик за манифестацијата „Нов културен бран“

$
0
0
Вовед: 

Oд крајот на август до почетокот на октомври 2017 година (или до исцрпување на средствата) Министерството за култура ќе ја  реализира манифестацијата „Нов културен бран“ ... 

Содржина: 

Наместо „Топол културен бран“, кога општините се јавуваа како единствени организатори и апликанти на конкурсот на манифестацијата, интенцијата е да се поттикне и активира независната културна  сцена, а за остварување на ваквите заложби, право за учество и конкурирање со проекти за манифестацијата ќе имаат здруженија на граѓани, асоцијации, фондации и поединци од областа на културата кои треба да имаат квалитетна, естетизирано профилирана и вредносно издржана понуда. 

Идејата е да се поттикне значењето на граѓанскиот сектор преку делувањето на невладините организации, здруженија и асоцијации од областа на културата, за кои се смета дека можат да внесат „посвежи“ идеи и поиновативни пристапи во креирањето на културната понуда, во пософистициран и естетизиран пристап во конципирањето на проекти кои се во слух со времето. Отстапувањето „простор“ за нив ќе ја покаже желбата и отвореноста за поинаков, слободен пристап до создавањето и презентирањето на културниот и уметничкиот „продукт“, а  можноста за паралелни случувања ќе ја надополнуваат официјалната, институционална форма на делување, велат од Министерството за култура.

Огласот можете на го симнете најдолу на линкот, ТУКА.

 

 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Latest Images

Trending Articles

<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>