Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Пет стихозбирки во потесниот избор за наградата „Браќа Миладиновци“

$
0
0
Вовед: 

На Конкурсот на фестивалот Струшки вечери на поезијата за најдобра поетска книга на македонски јазик објавена  помеѓу две фестивалски изданија пристиганле 38 книги од 37 автори, а во потесен избор со одлука на жирито се влезени пет наслови.

Содржина: 

Како што информира СВП, тоа се стихозбирките: „Со слободна рака“ од Јовица Ивановски; „Напишана тишина“ од Јосип Коцев; „Внатрешни планини“ од Владимир Мартиновски; „Јас. Елегии“ од Михаил Ренџов и „Жива вода“ од Наташа Сарџоска.

Добитникот на најпрестижното годишно национално признание за поезија во Македонија ќе биде соопштен на прес-конференција на жирито,  која ќе се одржи на 25 август 2017 за време на 56-тото издание на фестивалот во Струга.

- Оваа година СВП за половина го зголеми фондот на најпрестижната книжевна награда за творештво на македонски јазик, а како дел од неа е и превод на книгата на добитникот на еден странски јазик, соопшти НУ СВП, додавајќи и дека составот на жирито останува таен до донесувањето на конечната одлука.

Како и во изминатите неколку години, во посебна програмска содржина на претстојниот фестивал ќе бидат претставени поетите чии книги влегле во потесниот избор од пет книги, на ден пред официјалното соопштување на добитникот. 

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>