Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Започнува „Културно лето Карпош 2017“.

$
0
0
Вовед: 

 Денеска, вторник (15.08.2017) со почеток во 21:00 часот на платото во Т.Ц. Лептокарија ќе започне „Културно лето Карпош 2017“

Содржина: 

Културната манифестација која се одржува по десети  јубилеен пат, ќе стартува со музички концерт на  шоуменот  Игор Џамбазов, заедно со блуз-поп составот ГуруХаре. Традиционално, како и секое лето, втората половина на месец август е резервирана за летно културно освежување. Љубителите на културата и уметноста,  ќе можат да уживаат во концертите на наши музички ѕвезди, културно-уметнички друштва, ликовни изложби.

Петнаесет дена, секоја вечер љубителите на различни музички жанрови како џез, поп, етно и народна музика, како и класика, ќе можат да присуствуваат и да уживаат во звуците и изведбата на наши пејачи и музички групи. 

Почитувачите на добриот хумор, ќе можат да се насмеат и расположат на „стенд ап“ комедии на познати комичари. Повеќе од две седмици, карпошани ќе уживаат во музичките перформанси, културно - уметничките изведби, ликовни презентации, како разнообразност во понудата, за да се задоволи сечиј вкус, на секој кој ќе биде дел и од оваа незаборавна летна културна манифестација. 

Централна локација на која ќе се одвива Карпошовото културно лето ќе биде платото во TЦ „Лептокарија“. Културната манифестација ќе ја затвори познатиот македонски кант-автор Венко Серафимов, кој в петок (01.09.2017) ќе одржи концерт во придружба со познати музички имиња од македонската уметничка естрада.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>