Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Владата бара мислењe за двосменско работење во градинките

$
0
0
Вовед: 

Владата ја разгледува можноста за воведување втора смена во јавните установи за деца - градинки во Република Македонија.  

Содржина: 

За таа цел, на вчерашната седница Владата го задолжила Министерството за труд и социјална политика да ја информира јавноста и од сите засегнати страни да побара мислење за потребата од двосменско работење на градинките.

На дневен ред на седницата, како што стои во денешното соопштение на Владата, била дискутирана и Информацијата за текот и прогресот за отварање на центрите за ран детски развој во соработка со УНИЦЕФ во Република Македонија. Притоа Министерството за труд и социјална политика било задолжено на секои шест месеци да ја информира Владата за прогресот на активностите и тоа за: формирани центри за ран детски развој, број на деца кои ќе се опфатат во центрите за ран детски развој и број на воспитувачи кои ќе бидат вработени во центрите за ран детски развој, доколку избраните општини имаат доволно средства во сопствениот буџет за покривање на трошоците за функционирањето на центрите за ран детски развој.

Воведна слика: 
Категорија: 
Иде на слајдер ?: 
Не
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>