Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Бајага и Инструктори“ на „Супер Скопје“

$
0
0
Вовед: 

Во рамки на новата музичка манифестација „Супер Скопје“ вечерва (сабота, 19 август)  на Кејот „13 Ноември“ во главниот град ќе настапат „Бајага и Инструктори“. Синоќа на истата колација настапи Сергеј Четковиќ. 

 

Содржина: 

Во наредните петоци и саботи манифестацијата ќе се одржува на различни локации и тоа во Старата скопска чаршија, улицата „Македонија“ и Боемската улица во Дебар Маало.

Наредниот петок и сабота во чаршијата ќе настапат: Трикс, Гоца Тржан, Цена и Гоце САФ (25 август на плоштадот Скендербег) и Оркестра, Фанки Гуру, Енерџи бенд и Фиц - Студени нозе (26 август на плоштадот пред „Свети Спас“). 

На 1-ви и 2 септември забавата ќе се организира на улица „Македонија“ каде ќе настапат: диџеј Дела од Антена 5, Ај Кју и Каролина Гочева (1 септември) и Тамара Тодевска и Нокаут со специјални гости – Игор Џамбазов и Гуру Харе (2 септември). 

Забавата во последните петок и сабота од првата манифестација „Супер Скопје“ ќе биде на Боемската улица во Дебар Маало, каде се најавени настапи на Влатко Илиевски, Синтезис и Фолтин (8 септември) и на Нино Величковски и Тамбураши, Љубојна и Џамбо Агушев оркестар (9 септември).

Организатор на „Супер Скопје“ е ЈУ „Конгресен центар Александар Македонски“, а за реализацијата се задолжени од „Горила Вајлд ентертејмент груп“.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>