Quantcast
Channel: Cooltura.mk
Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

„Езерки“ и „7/8“ со настапи во Тетово, Охрид и Скопје

$
0
0
Вовед: 

Женскиот вокален етно состав „Езерки“ и оркестарот „7/8“, како дел од Хрватско-македонското друштво од Загреб, од денес (15.09) па се до 18-ти месецов ќе одржат мини турнеја во неколку градови во Македонија, во организација на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија.

Содржина: 

Турнејата почнува денес со настап во Домот на култура „Иљо Антески Смок"во Тетово, продолжува утре во Домот на култура „Григор Прличев"во Охрид, а  ќе заврши на 18 септември со настап во „Театар Комедија” во Скопје.  Почетокот на концертите е во 19:30 часот, а влезот е бесплатен.

- Нема ништо поубаво од тоа да настапуваме во Македонија, пеејќи македонски песни. Благодарение на Агенцијата за иселеништво на Република Македонија и винаријата „Тиквеш“ со нивното покровителство, овозможено ни е, уште еднаш, да гостуваме во Македонија, а со тоа на народот му овозможија бесплатно да присуствуваат на нашите настапи. Македонската музика е белег кој мора да се зачува и да ја чуе целиот свет, изјави Лена Гапиќ од „Езерки“ и „7/8“, која е по потекло од Гевгелија.

Освен концерти со македонска изворна музика во  на „Езерки“ и „7/8“ ќе биде прикажан и документарниот филм „Лудуваме за Македонија“. 

Работејќи повеќе од 22 години, етно составот „Езерки“ и оркестарот „7/8“ ја негуваат македонската традиционална и староградска музика. Досега имаат издадено четири студиски албуми: „Бакнеж“, „Мустра“, „Амфитеатар“ и „Ливингроом“, како и еден концертен албум со наслов „Спектакл“.

Од Агенцијата за иселеништво на Република Македонија соопштуваат дека со соработката со „Езерки“ и „7/8“ се зацврстува блискоста на народите во Хрватска и Македонија.

Воведна слика: 
Иде на слајдер ?: 
Да
додади слика: 

Viewing all articles
Browse latest Browse all 4807

Trending Articles



<script src="https://jsc.adskeeper.com/r/s/rssing.com.1596347.js" async> </script>